Управниот Одбор на ФФМ денеска го потври тоа што Дриблинг.мк го најави, Васко Скендеровски е повторно на селекторското столче на нашата машка футсал репрезентација.

По пауза од три години, Скендеровски повторно ќе ја води репрезентацијата на Македонија. Тој е свесен за она што го очекува но верува дека овој состав може многу повеќе.

„Притисокот е поголем затоа што во минатото постигнавме големи резултати. Јавноста сега ќе очекува уште подобри резултати.  Се извинувам од мое име и од името на стручниот штаб и од играчите за слабите резултати во квалифиакците за СП .“ – изјави за Дриблинг.мк, Васко Скендеровски.

Сега веќе поранешниот селектор, Иван Божовиќ имаше реален проблем со соблекувалната а јавно потврди дека нешто мора да се менува.

„Сакам да го вратиме победничкиот дух. Позитивната  атмосфера да се врати во репрезентацијата, одиме чекор по чекот. Прв предизвик ни се претквалификациите, за да се пласираме во главните квалификации за ЕП. Ќе има промени во одност на ростерот со кој настапуваше репрезентацијата во последниот квалификациски циклус во Скопје. Нема да има стари и млади играчи, туку само добри и лоши.Ќе играат оние што се во најдобра форма .“ – објаснува Васко Скендеровски.

Македонија во квалификациите за пласман во Елитната рунда квалификации за СП ги загуби сите три натпревари на турниот кој се играше во „Јане Сандански“.

„Примарна задача ни е да се врати победничкиот дух, атмосферата беше нарушена. Фокусирани сме на претквалификациите. Ќе има селектирам околу 20 играчи.Се надевам на пласман на ЕП и да докажеме дека квалификациите во „Јане Сандански“ за СП беа само лошо издание. Убеден сум дека нашата селкција и играчите беа во психолошка криза отколу што беше криза во квалитетот .Верувам дека имаме квалитетни играчи кои можат да го понесат товарот на почетокот од следната календарска година.“ – вели Васко Скендеровски за Дриблинг.мк

Македонската машка футсал репрезентација од 29 јануари 2020 до 1 февруари 2020 ќе ги дочека Норвешка и Велс во претквалификацискиот циклус кој ќе се игра во Скопје.

Девет второпасирани и петте најдобри од третопласираните (без да се земат во предвид резултатите остварени против четвртопласираните) ќе играат во плеј-офот во април.