Пол Сколс е обвинет дека се кладел на 140 натпревари во периодот од 17 август 2015 до јануари 2019 година, ФА на Англија го предупреди дека треба да внимава на строгите правила  и го казни со 8000 фунти.

„Се извинувам, знам дека ги прекршив правилата, ја прифакам казната. Мислев дека не ги прекршувам правилата, сметав дека ако се кладам на клубови со кои немам никаква врска дека не ги прекршувам правилата. Благодарам што сум предупреден на време“ – изјави Сколс.

Сколс се кладел на осум натпревари на Јунајтед , вложил пари дека Валнесија ќе ја победи Барселона, тимот од Каталонија славеше со 7:0, тоа предзвикало „сеир“ кај многумина.