Според Sportsmole.co.uk, раководството на Челзи планира да му обезбеди на тренерот Френк Лампард 150 милиони фунти или 170 милиони евра.

Според Goal.com, еден од тие кои Челзи планира сигурно да ги донесе во својот тим е напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, кого „Сините“ го бараа и во јануарскиот преоден рок, но беа одбиени.

Во летниот преоден рок овој трансфер е возможен, но Лион за 23-годишниот Француз ќе бара не помалку од 60 милиони фунти или 67 милиони евра, што е безмалку половина од буџетот за летните трансфери

Во тековната сезона Дембеле постигна 18 гола, а имаше и 6 асистенции, на 33 одиграни средби за Лион.