Управата на ПСЖ работи на трансферот на централниот дефанзивец од Интер, Скриниар кој треба да биде директна замена за Тиаго Силва.

Бразилецот дефинитивно ќе го напушти првакот на Франција ова лето како слободен играч а откако Наполи постави цена од 120 милиони евра за Кулибали, ПСЖ сега се насочил кон ангажман на Скриниар.

Конкуренцијата за стоперот на Интер доаѓа и од Англија, каде Манчестер Сити е сериозно заинтересиран и веќе два пати беше одбиен од Интер за купувањето на Скриниар.

Можно е Милан Скриниар да биде продаден ова лето но само во случај некој од заинтересираните да плати 100 милиони евра.