Барселона не успеа да го скрши отпорот на Славија Прага, срдбата на „Камп Ноу“ заврши без голови и покрај иницијативата на домашниот тим.

Славија Прага од двете гостувања во Милано и Барселона освои два бода и тоа се единствените бодови во групата Ф во која вечерва се игра дербито во Дортмунд, Борусија го пречекува Интер.

Лајпциг запиша победа кај Зенит со 2-0, головите се дело на Деме и Сабицер, ова беше натпревар од  групата Г по кој тимот од Германија е лидер со 9 бода пред Зенит и Лион кои имаат по 4, но тимот од Франција има  и натпревар помалку, оној со Бенфика која со 3 бода е последна.