Непоразениот светски боксерски шампион и еден од најдобрите спортисти на сите времиња, Флојд Мејведер, наводно е заинтересиран за купување на Њукасл.

Овој клуб веќе извесно време е на продажба, се изредија неколку потенцијални купувачи, апоследен меѓу нив е токму Флојд Мејведер.

За време на една прес-конференција на својата моментална турнеја во Велика Британија, тој беше директно прашан дали е вистина дека ќе го купи Њукасл.

Во Америка овој спорт го викаме Сокер. Њукасл е одлишен тим со неверојатни навивачи. Ако сопственикот на клубот сака да го продаде“ – нека ми се јави“, рече Мејведер

Наводно неговите претставници веќе се распрашуваа за условите на продажбата, но тоа засега не е официјално.