Синот на славниот Пеле, Едињо,  изјави дека татко му е паднат во депресија и повеќе не сака да излегува од дома.

Тој стана затвореник во својот дом. Паднат е во депресија бидејќи самостојно не може да оди, а не сака да биде виден надвор во таква состојба. Тој е кралот кој секогаш бил впечатлива фигура и како таков и сака да го паметат. Сега е многу слаб. Имаше операција на колкот, доби вештачки колк, ама имаше и голем проблем со рехабилитацијата“, изјави Едињо за TV Globo.

Меѓу другото, трикратниот светски шампион во 2019 година имаше и операција со која му извадија камен од уретерот, а се лечеше и од уринарна инфекција.

Во октомври Пеле ќе наполни 80 години.