Фудбалската репрезентација на Словенија конечно пристигна во Скопје со два часа задоцнување, техничките проблеми на авионот го одложија летот но за среќа безбедно пристигнаа во Македoнија.

Тука не завршија проблемите на Словенија, багажот доцнеше, чекаа долго на аеродромот  по што конечно пристигнаа во базата во Хотел „Мериот“.

Вечерва Словенија ќе го одржи единствениот тренинг во 18-30 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.