Словенија го одработи вториот ден од подготовките во пресрет на средбата со Македонија, во четврток во Скопје од 20-45 на арената „Тодор Проески“ .

Според изјавите на на дел од репрезентативците на Словенија може да се заклучи дека не се оптоваруваат како ќе игра Македонија, фокусирани се на својот пристап во играта и размислуваат само за победа.

„Мислам дека две победи се реалност, но прво мораме против Македонија, потоа ќе размислуваме за Австрија. Не очекува тешко гостување во Скопје, сепак ние не размислуваме за резултатот во моменотв, ако се фокусираме на самите себе, на нашата игра , победата ќе дојде“ – изјави дефанзивецот Петар Стојановиќ.

Словенија во септемвриските квалификации запиша две победи, Јасмин Куртиќ повикува да нема еуфорија.

„Знаеме кои се најдобрите играчи на Македонија, но ние не се оптоваруваме со нив, мораме да размислуваме само на нашата игра, поважно е како ќе одиграме ние, не како ќе игра Македонија“ – изјави Куриќ.