Селекциите на Македонија и Словенија утре го играат мечот од 7 коло во Г групата од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Гостите денес треба да пристигна во Скопје, но Словенците при полетувањето имале проблем со авионот во Љубљана. Имено, станува збор за проблем со климатизацијата во авионот кој според последните информации е санинран.

Доколку не се случи нешто неочекувано фудбалерите утре со почетоко од 20:45 треба да истрчат на националната арена „Тодор Проески“.