Македонија и Словенија утре од 20-45 часот се среќаваат во квалификациите за ЕП 2020 година, фаворит се „змајчеки“ но нашиот национален тим има свои планови за оваа средба.

Словенците ќе одржат еден тренинг вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје, ќе тренираат од 18-30 часот.

Во квалификациите имаат само еден пораз од селекцијата на Австрија која ја пречекуваат во недела, одиграа две нерешени средби, со Македонија и Израел, победија против Летонија, Полска и Израел со кого ги одиграа двете средби.