Словенија е во одлична резултатска серија во квалфикациите за ЕП 2020, во септември запишаа две победи против Австрија и Израел и сега се надеваат на трета во низа против Македнија во Скопје.

Добрите резултати ги мотивираа навивачите на „змајчеки“ , се очекува да ги има околу 1000 на арената „Тодор Проески“ во Скопје според најавата на „РТВ Словенија“.

Фудбалската федерација на Македонија за средбата со Словенија во Скопје одреди популарни цени, дојдете да навивате за нашиот национален, билетите чинат од 50 до 200 денари.

Билет од 50 денари ќе се продава за западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат влезниците на јужна и северна трибина од Националната арена „Тодор Проески“.