Луис Суарез положи на тестот за италијански јазик, целта на Уругваецот  беше да добие пасош на земја членка на ЕУ, но падна на испитот на чесноста.

Во целиот случај се споменува и Јувентус, Газета Дело Спорт пишува дека клубот од Торино „отворил“ пат за незаконски дејства, се соочува со кзан доколку се докаже дека учествувал во скандалот на Универзитетот во Перуџа.

Во Италија веќе имаше една ваква афера во која клубови во 2001 година учествуваа во лажирање на испити, документи и влијаеа врз авторитетите во државата одредени играчи да добијат пасоши на оваа земја.

Согласно законот по 2001 година, Јувентус се соочува со обвинение за директно влијание, обид и помош при добивање на пасош со лажни, изменети или на незаконски начин обезбедени документи за обезбедување на државјанство.