Крис Смолинг по три месеци преговори успеа да обезбеди трансфер во Рома и во Серија А да остане како играч на „Римската Волчица“.

Повремениот репрезентативец на Англија ги „поздрави“ навивачите на Манчестер Јунајтед и потврди дека во Рим се чуствува како дома.

„Верувам дека овој тим сега е посилен од лани, има искуство кое го собра минатата година, Не можам да дочекам да истрчам на теренот. Среќен сум од моментот кога пристигнав тука, никогаш не сум почуствувал таква врска со навивачите како тука, тие ни помагаат да одиме напред. Рома е еден од најубавите градови во светот. Един Џеко е нашиот лидер, сакам да уживаме сите заедно во она што ни предстои. Компактни сме како тим и сакаме успешна година.“ – изјави Смолинг.