Крис Смолинг е задоволен од престојот во Рим и игрите кои ги прикажува во Рома сезонава. Англичанецот очекува повик во составот на „Гордиот Албион“ од селекторот Саутгејт за престојното Европско првенство.

Екипата на Манчестер Јунајтед откри дека е среќен со животот во италијанската престолнина и има за цел да ја заврши сезоната силно со „allалороси“.

„Јас сум  повеќе од среќен со моите игри во  прва половина од сезоната. Одлично започнавме, но мора уште подобро да ја завршиме сезонава. Тука научив други тајни на фудбалската игра и чуствувам дека секој ден учам и се подобрувам. Очекувам да се најдам во составот на Анлгија за Евопското првенство затоа што го заслужувам тоа“– изјави Крис за ББС Спорт.

Тој сезонава игра во „Римската волчица“ како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед, а во јуни се очекува Рома целосно да го откупи неговиот договор.