Излезе уште еден лекарси извештај кој ги опишува причините и околностите за смртта на Диего Армандо Марадона.

Аргентинецот со години имаше хорнични проблеми со срцето и беше подложен на неколку операции. Минатиот месец во јавноста се појави транскрипт од разговор кој открива дека лекарите биле свесни за големата опасност во случај да се одлучат за операција, а сега пред нив се нови проблеми.

Новиот извештај, кој го објави посебно тело именувано од аргентинската влада, потврди дека Марадона починал поради срцеви проблеми и хронични болести, но на светло на денот изнесе и нови факти. Една од нив е дека постоело занемарување на пациентот во процесот на опоравување и негата, што довело до нагло влошување на неговата состојба и смрт. Посебен осврт доби и куќата на Марадона, за која е оценето дека не ги задоволила ниту најниските критериуми во поглед на опремата и лековите кои би морале да бидат на располагање на пациент со состојба како таа на Марадона.

Во извештајот може да се види како лекарите не биле потполно запознаени со здравствените проблеми на пациентот, поради изостанок на редовни контроли. Аргентинските медиуми пишуваат дека лекарите би можеле да бидат обвинети за убиство од небрежност. Додатен притисок прават фановите на Марадона, кои минатиот месец излегоа да улица со желба сите околности околу неговата смрт да бидат разјаснети, а одговорните да се процесуираат.

„Не почина, го убија“– порачаа неговите фанови кои пееја пасни песни во знак на почит кон легендарниот Марадона.

На собирот беше и неговата поранешна сопруга Клаудија Вилавафе и двте негови ќерќи Далма и Џанина.