Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер истакна дека не жали за тоа како се развиваше неговата кариера, иако е свесен дека можел да направи многу повеќе.
Снајдер минатата година во дресот на Ал-Гарафе ја заврши 17-годишната кариера.
„Можев да бидам како Меси или Кристијано Роналдо, но едноставно не сакав. Уживав во животот, а Лео и Кристијано се потполно различни. Многу се жртвуваа поради кариерата. Меѓутоа јас не жалам за ништо, имав одлична кариера“- изјави Снајдер.
Холанѓанецот играше во Ајакс, Реал Мадрид, Галатасарај, Ница и Интер со кои во 2010 година ја освои Лигата на шампиони.
Comments are closed for this post.