15-тото коло од Првата македонска фудбалска лига со дерби меч денеска до 13:00 во Тетово го отвораат екипите на Ренова и Академија Пандев.

Овие два тима за веднаш за лидерот Шкупи на табелата, односно на втората и третата позиција. На позицијата број два е Академија Пандев, додека си три бода помалку, трета е Ренова.

И двата тима може да се пофалат со своајта ефикасност, Академија Пандев досега има постигнато 24 гола во Првата лига, додека Ренова 23. Најдобриот стрелец во првенството доаѓа од кај струмичани, тоа е Мартин Мирчевски со 15 гола, додека втор со 10 е Ремзифаик Селмани од Ренова.

Моменталната форма е на страната на тимот од Струмица кои имаат серија добри резултати, додека пак Ренова минатото коло запиша победа над Борец, откако претходно три меча во серија беше без победа.

Само овој меч е денеска на програмата, другите се играат утре.