Во мај 2001 година Ливерпул и Алавес го одиграа митското финале од Купот на УЕФА. Беше тоа веројатно едно од најлудите финалиња во историјата на еврокуповите. Црвените со златен гол во продолжението победија со 5:4. А во стартерите на тој меч беше Дени Марфи.

Во меѓувреме овој 44 годишен поранешен фудбалер минал низ вистински пекол. Хоророт почнал кога се пензионирал од активното играње. По неколку години уживање паднал во тешка депресија.

„На почетокот уживав. Играв голф, работев во медиуми, се одмарав, но после тоа како некој да ме удри со чекан“– вели Марфи за Дејли Мејл.

„Се почна кога сфатив дека веќе никогаш нема да играм фудбал, заштедата полека ја снемуваше. Почнав да боледувам од депересија. Во текот на 12 мрачни месеци се опивав, дрогирав и коцкав. Бракот ми се распадна. Се тепав со браќата и пријателите. Останав сосем сам“– вели Марфи.

Тој додава дека имал проблеми и за време на играчката кариера кога го носел дресот на Тотенхем.

„Во текот на кариерата ми се случуваа грди работи. Кога играв за Спарс почина татко ми. Ми бее ужасно. Илјадници навивачи сметаат на тебе, а ти мислиш само на тоа. Отидов на тренинг два дена по смртта на татко ми. Тек кога се пензионирав чесно се исплакав.“

За среќа, најлошото сега е зад Марфи.

„Пресвртот се случи кога почнав да разговарам со најблиските за тоа што ми се случува. Бев уморен од се. Прифатив професионална терапија и тоа беше почетокот на мојето лекување. Денес имам одличен однос со пријателите, прекрасна партнерка и повторно сум во контакт со своите браќа“– заврши Марфи.