Италијанската влада објави дека е забрането одржување на спортски натпревари во регионите од земјата каде има заболени од Коронавирусот.

Ова значи дека во три региони од земјата ќе нема никаков спорт до крајот на следната недела, нема фудбал, кошарка, одбојка…

Согласно одлуката на Владата на Италија следниот викенд нема да се играат средбите Аталанта – Лацио, Болоња-Јувентус, Интер- Сасуоло и Верона – Наполи.