Македонската машка ракометна репрезентација вечерва во Ешкишехир се среќава со Турција на турнир на кој ќе одигра и меч со Италија утре.

Турците веќе ги одиграа средбите со Италија и запишаа две победи, една со 24-23 и вчера со 30-28.

Селекторот  Данило Брестовац,  пред заминувањето за Ешкишехир, мораше да се откаже од  пивотот Милан Лазаревски кој поради повреда нема да биде во комбинација за двете средби во рамки на ЕХФ неделата.

Средбата со Турција вечерва во Ешкишехир се игра од 18 часот, во истиот термин но утре, се среќаваме со Италија.

По натпреварите во Турција во Скопје ќе одиграме уште две средби со Грузија на која ќе настапат и дел од искусните играчи како Кирил Лазаров, БоркоРистовски, Филип Талески…