Двојниот стрелец од пресметка во Скопје, Елиф Елмас е последната дилема за почетниот состав на Македонија за пресметката со Летонија.

Ангеловски ќе мора да одлучи, дали ќе ризикува со Елмас кој нема посериозна повреда, отокот на десната нога е минато или пак летното засилување на Наполи сепак ќе мора да стисне заби и да биде дел од почетниот состав.

Вториот „посериозен“ проблем за селекторот е повредата на грбот која ја влече Пандев. Капитенот може да игра но со оглед на интензитетот и напаѓачкиот фудбал кој се очекува да го покаже Македонија го носи прашањето, повторно да добие шанса од клупата или пак да го предводи нападот од 1 минута.

Средниот ред е резервиран за Адеми, Барди. Изгледно е дека Бобан Николов шансата ќе ја чека од клупата за резерви. Напаѓачката тројка ќе ја сочиниуваат Трајковски, Тричковски и Несторовски.

Во одбраната по промената на формацијата, ќе почнат четворицата најстандардни, Алиоски, Муслиу, Велковски и Бејтулаи. Столе Димитриевски останува прва ракавица.

Македонија по 5 кола во гурпата Г од евроквалификациите има само една победа, онаа против Летонија на 21 март во Скопје.

од Рига за Дриблинг.мк
Дамјан Николовски