УЕФА во вторник преку видео конференциска врска со 55 земји членки ќе дискутира и одлучува за следните чекори поврзани со Европското првенство 2020  но и клупските натпреварувања.

ФФМ соопшти дека се одложуваат натпреварите во У19 конкуренцијата на националната репрезентација, нема да се патува во Шпанија за квалификацискиот турнир од Елитна фаза за пласман на Европско првенство. Турнирот во Шпанија требаше да се одигра од 25. до 31. март.

Воедно УЕФА потврди дека на видео конференциска врска во вторник ќе реши за тоа дали ќе се одржи ЕУРО 2020.

ФФМ го потврди состанокот на својот веб сајт:

Поврзано со тековниот развој на ситуацијата со ширењето на Covid-19 низ Европа и анализите на Светската Здравствена Организација кои се менуваат од ден на ден, денес УЕФА ги повика претставниците на 55. земји членки, заедно со одборите на Европската kлупска Асоцијација и Европските лиги, како и претставници на ФИФПро да присуствуваат на состаноците кои по пат на видео конференција во вторник, 17 март 2020 со цел да се дискутира eвропскиот одговор на ширењето на вирусот.

Одлуките ќе се однесуваат на сите домашни и Европски натпреварувања, вклучувајќи го и УЕФА Европско Првенство 2020.

Информации и комуникација ќе се споделува по завршување на овие состаноци.