Соиграчот на Езџан Алиоски од Лидс Јунајтед, Џордан Стивенс доби суспензија од Англиската фудбалска федерација поради обложување.

Младиот фудбалер на Лидс, нема да може да се бави со фудбал во наредните шест недели. Играчот за врска кој има 19 години имал уплата на 59 тикети во обложувалница, а меѓу нив имало и облози на својот тим.

Стивенс во редовите на Лидс Јунајтед пристигна во 2018 година од Форест Грин, но нема важна улога во тимот, затоа што досега одигра само еден натпревар.