Поранешниот соиграч на Мајкл Џоран, Хорас Грент кој освои три шампионски прстени со Чикаго Булс и неверојатната „23“ тврди дека документарниот серијал „Последниот Танц“ е чиста лага и манипулација, извртена вистина во полза на ЕМ-Џеј.

„Документарецот е забавен но ние кои бевме согирачи во тоа време знаеме дека е далеку од вистинската слика. Имаше многу играчи кои му се спротиставуваа на Џордан, ова го нема во документарецот, ако така сакате да го нарекувате.“ – изјави Грент.

Најголемиот проблем за Грент е тоа што Мајкл Џордан го посочува како кртот во соблекувалната на Чикаго кој соработувал со новинарот Сем Смит кој пак е автор на познатата книга „Правилата на Џордан“.

Грент демантира дека такво нешто би направил и тврди дека Џордан уште еднаш се обидел да ја изманипулира јавноста и навивачите на Чикаго со помош на влијанието кое го има во шоу бизнисот.