Страшна трагедија се случила во болницаво Бурса, откако соиграчот на Јани Атанасов од Бурсаспор, Сехер Токташ призна дека си го убил сопствениот син.

Токташ на 23 април бил хоспитализиран заедно со 5 годишниот син на кој му бил дијагностициран коронавирусот. Двајцата биле на одделението за интензивна нега и неколку часа по приемот момчето починало.

Докторите во извештајот навеле дека смртта настанала поради респираторна компликација предизвикана од Ковид-19. Ова го демантираше неговиот татко кој 11 дена подоцна се пријавил во полиција и признал дека го убил неговиот син.

„Му ставив преница на лицето, тој лежеше на грб. Притискав по перницата 15 минути а мојот син цело време се бореше. Кога престана да дише, ја тргнав перницата. Тогаш почнав да викам до лекарите за да спречам некој да се сомнева во мене.“ – изјавил Сехер Токташ посочувајќи дека никогаш не го сакал својот најмлад син и поради тоа го убил.