Голманот на Лидс, Кико Касиља, доби суспензија на осум натпревари.

Касиља е казнет поради навредата на расна основа на напаѓачот на Чарлтон, Џонатан Леко, за време на нивната средба во септември минатата година.

Англиската фудбалска федерација го истражува овој случај од минатиот ноември и во истрагата имаше вклучено специјалист за читање од усни, како и преведувач од шпански јазик.

Освен ова, соиграчот на нашиот репрезентативец Алиоски е казнет и со парична казна во висина од 60000 фунти.