Дефанзивецот на Арсенал, Сократис Папастатопулос, вели дека не знае дали ќе остане во Арсенал, иако има договор со клубот.

Дали ќе играм за Арсенал во следната сезона? Јас не знам. Имам договор на уште една година, ама нема намера да се држам за него. Ако клубот не биде задоволен од мене, јас сум подготвен да заминам“.

Сократис настапи на 18 средби на Арсенал во Премиер лигата и постигна два гола.