Аталанта и Валенсија вечерва ќе го одиграа првиот меч од  осминафиналето во Лигата на шампиони. Крилото на шпанците предупредува дека тимот од Бергамо е исклучително силна екипа посебно во нападот.

Многумина можеби мислеа дека ова е добар ждреб за нас, но Аталанта е квалитетен тим кој го наоѓа патот до мрежата на различни играчи. Тие се најдобриот напад во  во Серија А, а најголема опасност е Папу Гомез. Сепак тука се и Запата кој е вистински хитмен, но и Муриел Иличиќ и Госенс кои се играчи од врвна класа“– изјави Солер за Sky Sport Italia.

Популарните „лилјаци“ за овој дуел се хендикепирани со неиграњето на Езекиел Гарај, Габриел Паулиста, Френсис Кокелин, Родриго, Ману Валејо и Кристијано Пичини.

Првиот натпревар се игра утревечер на  „Сан Сиро“, бидејќи стадионот во Бергамо не ги исполнува критериумите на УЕФА.