Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед е блиску до доведување уште еден фудбалер, откако клубот оваа лето ги доведе Арон Ван-Бисака и Даниел Џејмс на ред според англиските медиуми е Португалецот Бруно Фернандеш фудбалер на Спортинг Лисабон.

Британски „Сан“ утрово објави дека Манчесте Јунајтед ги договорил личните услови со овој фудбалер и дека Португалецот е блиску до преминување на „Олд Трафорд“.

Според информациите Спортинг за него ќе добие 60 милиони фунти.Фернандеш во претходната сезона одигра вкупно 53 натпревари и оствари фантастичен учинок од 32 гола и 18 асистенции.