Откако успеа во последното коло да ги протне „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампиони, менаџерот Оле Гунар Солскјер состави листа од тројца фудбалери кои раководството треба да ги донесе летово на „Олд трафорд“ за  повторно моќен Манчестер јунајтед.

Лондонскиот весник „Сан“ објави дека Солскјер веќе оставрил средба со потпретседателот на Манчестер јунајтед Ед Вудворд на која му го предал списокот на желби со три имиња.

Како што пишува „Сан“, приоритетна цел на Норвежанецот е следната сезона во тимот да го има напаѓачот на Борусија Дортмунд, Џејсон Санчо.

Втор на листата трансфер желби на Солскјер е дефанзивецот на Лестер, Бен Чилдвел,  како и играчот за врска на Ајакс, Дони ван де Бек. Тој веќе подолго време е на радарот на Солскјер за комплетирање на неговото идеална тројка во средниот ред покрај Пол Погба и Бруно Фернандес.

Според лондонскиот весник, ова е идеалниот тим во замислите на Солскјер: