Оле Гунар Солскјер најави дека Пол Погба ќе остане уште долго во Манчестер Јунајтед и ќе биде еден од клучни играчи на „Ѓаволите“ во одбидот да се вратат во игра за титулата во Премиер лигата.

Откако Погба повторно почна да се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, менаџерот на „Ѓаволите“, посочи поинакво сценарио.

„Како што и самиот Пол кажа, тој е многу среќен откако се опорави од повредата.Работи напорном среќен е што игра добро и мислам дека ќе го видиме најдоброт од Погба во следните неколку години. Во исчекување сум да видам како тој расне со овој тим. Мислам дека ќе биде еден од нашите лидери и глави фигури, сега е неговото вистинско време, како и за секој фудбалер што има 27 години.“ – изјави Солскјер.

Пол Погба успеа добро да се вклучи во креирањето на играта на Јунајтед каде прва виолина во моментов е Фернандес. Наскоро се очекува Погба да потпише нов петгодишен договор со тимот од „Олд Трафорд“.

Следен предизвик за „Црвените Ѓаволи“ е четвртфиналната пресметка со Копенхаген во Лигата на Европа закажана за утревечер во Германија.