Иако Шпанецот на натпреварот со Евертон ја направи најголемата глупост во кариерата, на крајот на средбата тој го спаси Јунајтед од пораз.

Без разлика на неговата лоша форма оваа сезона, тренерот Оле Гунар Солскер го смета Де Геја за најдобар голман на светот.

Му верувам на Давид 100 %. Со одбранетиот удар на Сигурдсон на крајот на средбата тој покажа дека е најдобар голман на светот“.

За грешката на Де Геја и примениот гол, Солскер има разбирање.

Тоа се случува во фудбалот, кога сакаш да одолговлечуваш. Де Геја имаше несреќа ударот да се одбие од ногата на Калверт-Левин и да заврши во голот. Одговоривме и стигнавме до заслужениот гол“.

Натпреварот заврши со резултат 1:1, со што Јунајтед пропушти прилика да му се доближи на Челзи на четвртата позиција.