Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер, ја коментираше состојбата на Пол Погба. Притоа, тој одби да ја нарече сезонава катастрофална за Погба.

Не, такви наслови нема да добиете од мене. Последно што сака некој фудбалер е да биде повреден и да не допринесува за екипата. Пол е одличен играч, кој може многу да направи за својата екипа. Тој сега треба многу да се труди, да ја поврати формата. Ова е за него сложен период, ама тоа е и дел од работата на секој фудбалер, кој ете може да се повреди. Во секој случај, Погба е важен фудбалер за нашиот клуб.Што се однесува до Рајола, јас со него не сум разговарал за Погба, а и немам зошто, бидејќи Погба е играч на Манчестер Јунајтед, а не на Мино Рајола.“ – изјави Солскјер.

Погба на големо се поврзува со заминување од „Олд Трафорд“ во Јуни а како можни следи дестинации се издвоени Торино (Јувентус) и Мадрид (Реал Мадрид).