Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер, ги коментираше настапите на својот тим во тековната сезона.

„На средина сме од сезоната, за која однапред знаевме дека ќе биде со падови и издигнувања и во која цел ни е да го комплетираме составот за следната сезона. Во моментот сме подалеку од тоа што го очекував. Сакаме да бидеме екипа која ќе доминира и која ќе ги руши противниците. На Ливерпул за тоа му требаа неколку години и тие се ориентир на кој треба да се огледаме. Ние сме добри во контранапад, имаме брзина, имаме брзи фудбалери. Сега треба да бидеме подобри во совладување да густите одбрани“, рече Солскер.

Манчестер Јунајтед на последната средба доживеа шокантен пораз од екипата на Ватфорд, 0:2.