Манчестер Јунајтед во новата сезона повторно ќе се обиде да ги подобри резултатите, пласманот на табелата во Премиелигата но и да ги задоволи апетитите на навивачите. Ова го тврди Оле Гунар Солскјер во изјава за Би-Би-Си.

„Мора да биде поамбициозни од тоа четврто место. Повеќе сакам да бидам оптимист и да погрешам отколку да бидам во право како песимист. Имаме убав предизвик пред нас и треба да уживаме. Сите работиме како едно и мислам дека ќе ја оствариме нашата цел“. – изјави Солскјер.

Додека од Шпанија секојдневно тврдат дека Погба ќе го облеќе дресот на Реал Мадрид, Солскјер има поинаков план за Пол Погба но и за Санчез.

„Пол е одличен играч а тоа го знаат и навивачите. Знам дека имаше многу критики за него но верувам дека ќе биде дел од нашиот тим и во новата сезона. Санчез е фантастичен напаѓач, лесно може да постигне 20 голови но мора да се пронајде себе на теренот. Јас верувам во него.“ – објаснува Солскјер.

Солскјер ова лето ги донесе младиот Џејмс од Свонси и Ван Бисака од Кристал Палас. Се најавува трансфер на Мегвајер од Лестер и нов договор со Де Геа.