Манчестер Јунајтед по победата над Барнли дојде на осум бода негатива во однос на лидерот Сити во Премиер лигата на шест кола до крајот на сезоната.

Солскјер по овој триумф го издвои Гринвуд, кој постигна два гола, како играчот кој може да прави чуда во иднина, а истовремено одби да се откаже од трката за титулата и покрај предноста на „Граѓаните“.

„Дали може да ги стигнеме Сити? Чудни работи се случуваат во фудбалот. Тимови со голема предност знаеле да направат грешки.  Никогаш не се зне што може да се случи. Мораме да останеме сконцентрирани и да продолжиме да победуваме. Овој моментум мора да го задржиме.“ – изјави Солскјер.