Оле Гунар Солскјер доби добри вести, Единсон Кавани останува во Јунајтед и следната сезона, а тренерот на клубот од Манчестер има фонд од 150 милиони фунти за напаѓач.

Откако пандемијата го одведе фудбалот во криза, 150 милиони се можеби доволни за еден врвен напаѓач, Солскјер има два во бележникот.

Првиот Хари Кејн од Тотенхем, на Јунајтед му треба класична „деветка“, желба е и Ерлинг Халанд, но се чини дека на овие 150 милиони фунти ќе им треба дополнување ако Солскјер сака да го види во своите редови сонародникот од Дортмунд.

Последна опција е Џејдон Санчо на кого цената му падна под 80 милиони фунти.