Манчестер Јунајтед денеска ќе му гостува на Дерби Каунти во натпревар од осминафиналето од ФА Купот на Англија.

Ова ќе биде ново соочување на Јунајтед и на Вејн Руни. Најдобриот стрелец во историјата на „Црвените Ѓаволи“ најави дека ќе се обиде да го предводи Дерби до триумф над неговиот поранешен клуб.

Солскјер пак посочи дека Руни мора да биде добро чуван за Јунајтед да избегне шок.

„Пред на се неверојатен натпревар, пред се за навивачите на двата клуба. Руни е неверојатен и и интелигентен играч и мора да бидеме внимателни. Ако Руни реши да биде посветен на фубалот и по пензионирањето од играњето, тој може еден ден да биде менаџер на Јунајтед.“ – изјави Солскјер.


Победникот од дуелот на Дерби и на Јунајтед во четвртфиналето од ФА Купот ќе игра против Норвич.