Манчестер Јунајтед одигра под своите ниво во воведниот натпревар од 1/16 финалето од Лига Европа на гостувањето кај Клуб Бриж.

Грешката на Ромеро и соло продорот на Марсијал се двата моменти кои вредат за издвојување од натпреварот.

Солскјер реши да направи посериозна ротација и шасна да им даде на Далот, Мата, Лингард, Переира, Линделоф и на Ромеро кои не беа дел од почетните 11 во победата на Челси, ова според медиумите од Англија се покажа како погрешна стратегија особено изборот да постави тактика со тројца стопери и два крилни бекови.

„Исто беше и за двата тима иако временските прилика беа лоши. Ова беше тежок натпревар, имамвме проблеми со концентрацијата но и времето и пред се топката си го направија своето. Постигнавме гол во гости, одигравме нерешено и се надевам дека на домашен терен за една недела ќе ја завршиме работата.“ – изјави Солскјер.

Јунајтед викендов го пречекува Вотфорд во 27 коло од Премиер лигата.