Оле Гунар Солскјер му соопштил на раководството на Јунајтед кои се неговите желби во летниот преоден рок, две млади ѕвезди Бундеслигата се приоритет за клубот од Манчестер.

Каи Хваерц од Баер Лверкузен кој следната недела ќе наполни 21 година е еден од двата играчи кои ги сака во тимот менаџерот на Јунајтед.

Јунајтед подгтовил 50 милиони за Хаверц и е во најдобра позиција во однос на конкурентите.

Солскјер не се откажува од Џејдон Санчо, репрезентативецот на Англија запиша хет-трик во дресот на Дортмунд на средбата со Падерборн.

Дортмунд засега не го продава Санчо под 100 милиони, но клубот од Манчестер е подготвен да лицитира за да ги обедини двете млади ѕвезди од Бундеслигата.