Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека Ангел Гомес нема да го продолжи договорот со клубот и од утре е слободен агент.

Младиот 19 годишен плејмејкер е еден од најталентираните од неговата генерација во Европа, но откако не доби вистинска шанса во првиот тим на Јунајтед одлучи да си бара нов клуб и да ги прекине преговорите за нов договор.

„Да бидам искрен ништо не сум слушнал околу евентуланиот нов договор на Гомес, мислам дека ништо нема да се случи, не изгледа како што јас посакував. Гомес е одлично младо момче, му понудивме договор но ако не го прифати му посакувам се најдобро.“ – изјави Солскјер.

За Гомес интерес има од Челси, Јувентус и од Барселона а се споменува дека и ПСЖ размислува да испрати понуда до младинскиот репрезентативец на Англија.