Мејсон Гринвуд не настапи на последните два натпревари за Манчестер Јунајтед а според медиумите во Англија, младиот напаѓач е казнет поради непримерно однесување на тренинг.

Оле Гунар Солскјер се обиде да го оттргне вниманието на јавноста и на медиумите со тоа што ги демантираше наводите во весниците и на интернет порталите околу сотуацијата со Гринвуд.

„Мејсон направи грешка ова лето по повикот од Англија а потоа сите англиски медиуми тргнаа против него. Морам да ве разочарам вас, новинарите, тој ниукогаш не доцни на тренинг. Нема проблем кога е на тренинг и секогаш доаѓа на време. Прочитав најразлични приказни за тоа како дел од поранешните играчи на Јунајтед зборуваат за него. Ние имаме фотографи насекаде, на тренингот и надвор од него. Сите може да видат дека доаѓа на време. Тој има поддршка од неговото семејство, има одлична позадина во академијата, тренира многу добро и не можам на верувам на приказните дека е непрофесионалец.“ – изјави Солскјер.