Оле Гунар Солскјер ќе остане на кормилото на Манчестер Јунајтед и покрај најавите дека Алегри наскоро доаѓа на „Олд Трафорд“.

Ова го потврди Ед Вудворд кој во целост му дава подршка на Солскјер а и менаџерот на Јунајтед исто така рече дека останува доследен на планот за развој на тимот.

Меѓу другото, Солскјер ја објасни ситуацијата со Погба и скандалот со фотографијата на која се креативецот на „Ѓаволите“ и менаџерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

„Пол е дел од нашиот план за развој на клубот и движење напред. Зборував со Погба неколкиу пати, тој играше со болки. Го критикуваа каде и да е поставен на теренот но секогаш се враќа назад. Сакаме да игра но беше премногу болно за него. Имаше преглед и сега се рехабилитира, има неколку денови слободни.“ – истакна Солскјер.

Пол Погба се поврзува со трансфер во Мадрид оваа зима иако „Кралевите“ засега не сакаат да платат повеќе од 100 милиони евра, Јунајтед бара 180 милиони евра.

„Што се однесува до фотографијата во Дубаи, кога сте во Манчестер Јунајтед, ве фотографираат и тоа носи шпекулации но јас немам проблем со тоа.“ – дополни Солскјер.

Манчестер Јунајтед во недела на „Олд Трафрод“ го дочекува Ливерпул во дербито на колото во Премиер лигата.