Манчестер Јунајтед без многу промени во почетниот тим ќе влезе во утрешната пресметка со Кристал Палас. Оле Гунар Солскјер денеска потврди дека е задоволен од повеќето играчи и покрај ремито со Вулверхемптон во минатото коло но најави промени.

Островските медиуми најавија една измена во почетната единаесетка, на местото на Џеси Лингард ќе биде поставен Хуан Мата.

Солскјер воедно демантираше дека Погба ќе добие забрана за изведување на пенали, напротив менаџерот на Јунајтед верува дека плејмејкерот од целата мешаница ќе излезе посилен и ќе го докаже тоа на теренот.