Откако успеа со чудесен пресврт да го победи Саутемптон, Манчестер Јунајтед во утре ќе го дочека ПСЖ во 5 коло од Лигата на шампионите.

Без Шо, Туанџебе, Баи, Лингард и без Де Геа кои се повредени, Солскјер ќе треба да направи чудо со составот во кој можно е ги нема и Телес, Погба, Мектоминеј и Марсиал. Неизвесен е и настапот на Рашфорд како и на Гринвуд.

Според островските медиумите, Јунајтед најверојатно ќе настапи со Хендерсон на голот, во одбраната ќе бидат Вилиамс, Линделов, Мегваер и Ван Бисака. Во средниот ред Фред и Матиќ. Пред нив Фернандес, Рашфорд, Џејмс а во нападот Кавани.

Кај ПСЖ пак ќе недостиваат Бернат, Дракслер, Кехер и Маркињос, сите поради повреда.