Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер очекува да собере солидна сума на пари од продажбата на играчите кои во моментов се на позајмица во Интер, Рома и Естудијантес.

Солскјер е уверен дека и покрај кризата од Ковид-19, цената на играчите нема многу да падне односно дека од продажбата на овие тројца, „Ѓаволите“ ќе соберат околу 50 милиони евра.

Санчез има шанси да остане во Интер, но зависи како ќе се покаже во останатите натпревари од оваа сезона. Смолинг е трансфер цел на Рома, Арсенал и Тотенхем додека за Рохо понуди има од Естудијантес, Порто и Валенсија.