Манчестер Јунајтед ја продолжи успешната приказна на гостувањата кај Манчестер Сити, трет натпревар по ред славеше на „Етихад“.

Солскјер е задоволен од резултатот а го издвои Марсијал како најдобриот на теренот и покрај тоа што промаши 100% шанса во второто полувреме.

„Кога ќе победи со 2:0 со вакви перформанси, мора да бидете среќни. Секој натпревар е различен, денеска видовме нешто од стариот Марсијал, се пронајде себе си на теренот и беше одличен. Вториот гол беше неверојатен, Шо покажа во каква форма е, неверојатен играч. Марсијал сепак беше играч на натпреварот и среќен сум за него. Не можеме да зборувме за стигање на Сити, во моментов се премногу далеку од нас на табелата. Важно е да продолжиме да победуваме.“ – изјави Солскјер.