Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се соочува со нови проблеми воочи мечот против Лестер во 5. коло од Премиер-лигата. Натпреварот против шампионот од 2016. година поради повреда ќе мора да го пропуштат Пол Погба и Ентони Марсијал.

Тоа не се единствените проблеми за Солскјер, бидејќи надвор од терените поради повреди се и Лук Шо, Ерик Баи, Диого Дало, Џеси Лингард и Арон ван Бисака. Натпреварот од петото коло меѓу Манчестер Јунајтед и Лестер на програмата е во сабота.

Црвените ѓаволи по убедливиот триумф во првото коло над Челси, западнаа во резултатска криза во која имаат еден пораз и два нерешени резултати против екипи кои не се од рангот на Јунајтед.