Манчестер Јунајтед со пресврт успеа да ја победи Рома 6:2, во првиот полуфиналем натпревар од Европа лигата, а и покрај убедливата победа, менаџерот на англискиот тим Оле Гунар Солскјер не тврди дека неговиот тим е блиску до финалето.

Рома првото полувреме од срдбата го заврши со предност од 2:1, а во вторите 45 минути домаќинот постигна пет голови за убава предност пред реваншот.

„Направивме добра работа, бевме многу добри во вториот дел, но не мислам дека е ова готово. Свесни сме за квалитетите на Рома. Рома постигна два гола од две шанси во кои сами турнавме, не ги правеа како на средбата против Ајакс. Тие наши грешки беа на ниво како на јуниори или ученици и тоа на ова ниво не смее да се случува. Добра работа е што не ја изгубивме главата, туку се прибравме“– изјави Солскјер по мечот, на кој се осврна и на работата која ја заврши Единсон Кавани.

Уругвајскиот напаѓач постигна два гола и асистираше за уште два, па заедно со Бруно Фернандеш беше двократен стрелец и асистен, беше најистакнат во редовите на победничкиот тим. Проблемот кој Солскјер го има со него е што тој размислува за заминување на крајот од сезоната, а тренерот би сакал тој да остане.

„Тој знае како јас размислувам, знае дека би сакал да остане. Не е само стрелец, тој за нас прави многу повеќе, средишна фигура е која ги вклучува и другите во игра. Воодушевен сум со него и давам се од себе да го имаме и следната сезона. Му говорам дека Олд Трафорд е потполно различен со фанови, а Манчестер одлично место за живот. Резултатите кои ги постигнуваме ми помагаат во тоа“– вели Солскјер.

Кавани во последните пет меча за Манчсестер Јунајтед постигна пет гола, а вкупно ги има 12 оваа сезона.